ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 8 АПРИЛ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Градоначалникот Дејан Проданоски, во име на Општина Прилеп и во негово лично име, упатува искрени честитки до сите припадници на ромската заедница, по повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите.

– Како локална самоуправа, посветено работиме на подобрување на условите за живот на сите граѓани. Особено внимание посветуваме на унапредување на образованието, инклузијата и социјално-економската состојба на ромската заедница. Во таа насока реализиравме бројни проекти, особено во населбата Тризла, преку соработка со домашни и меѓународни партнери. Во наредниот период ќе се изработат 4 детални урбанистички планови за овој дел од градот, од кои два се веќе во тек. Како што ветивме во изборната програма, продолжуваме со инфраструктурни проекти во Тризла, предвидено е асфалтирање на 4 километри улици, а истовремено активно аплицираме на програми што обезбедуваат сериозна поддршка за ромската заедница и ќе придонесат за подобар квалитет на живот – изјави градоначалникот Пропданоски.

Во 17 часот во Домот на културата „Марко Цепенков“, со богата културно – уметничка програма заеднички ќе се одбележи значењето на Меѓународниот ден на Ромите со почит, единство и заедничка визија за подобар Прилеп.

Loading