Впечатлива архитектура

Суботица

На север на Србија, на 15 минути од унгарската граница е градот кој наликува на шарена куќа, како од бајките. Тоа е Суботица, кој е типично војводински град со Срби и други националности. Убаво е уреден, привлечен за живеење, поради повеќето атракции и знаменитости. Градот е богат со извонредна архитектура. Плени со магичната атмосфера. Тој е важна сообраќајница на Србија кон Унгарија. Шарен е и мултикултурен. Располага со вредни зданиа, преубави верско сакрални објекти и од архитектура на сецесијата.

Најпрво пожелно е да се види Градската куќа, потоа Рајловата палата, па Синагогата и другите вредни објекти. Симбол на Суботица е изградена помеѓу 1908 и 1912 година, висока е 76 метри и ја п е Градската куќа проектирана од архитектите од Будимпешта, Комор и Јакоб. Исклучително декоративна е и збогатена со унгарски фолклор, со стилизирани цветови, керамика и ковано железо. Срцето е Големото собрание со раскошни витражи. Исклучително возбудливо е качувањето на видиковецот од 45 метри со незаборавен поглед.

Рајхловата палата од 1904 година била дом и архитектонско биро на архитектот Ференц Рајхл. Извонредно здание со скапоцени материјали, необична комбинација од бои, разиграна фасада и ентериер со двор. Има мотив на срце изведено во керамика, мозаици од мурано и длабокорезби. Тука сега е тука е  современата галерија.

Синагогата, градена 1902 година, е една од најубавите примери на сакралната архитектура не само во Србија, туку и во Европа. Украсена е со стилизирани лалиња, каранфили и паунови перја. Смело и модерно архитектонско решение е со совршена конструкција и декорација. Внатрешноста е светла, затоа што целта на творцот била да биде сончево место кое ќе зрачи радост.

Постојат неколку правславни цркви и католички катедрали. Такви се храмот на Вознесението Господово од 18 век, црквата Св. Димитрија од 19 век,  катедралата Св. Тереза и Фрањевачката катедрала од 18 век и др. Неизбежна е и Мухаџир џамијата, како и Евангелистичката црква.

Привлечна е и алатата Деметера од 1906 година. која е една од најубавите куќи. Од 2008 година таму се поставките на градскиот музеј. Да се посјде во Суботица, а да не се види паркот Фуриосо е голем пропуст. Уреден е во етно стил, идеален за организирање бројни манифестации.

Брзо минува прошетката ни најсеверниот град на Србија кој е богат и со разни кулинтрски специјалиети низ мноштвото ресорани. Гурманите можат да уживаат и во унгарски и во српски специјалитети.Преознатливо е флуте, ролнички од компири со павлака, со шеќер и цимет. Во слаткарниците се нуди куртош колач.

Текст и фото: Каролина Мицевска

Loading