Секоја чест за купувачите на влезници!

Фудбал: Втора лига

Читател прашува зошто уште се употребува синтагмата дека Прилеп е најфудбалска општина, кога двата наши најдобри тима, Победа и Големо Коњари, се при дното од табелата на Втората лига на Македонија. Сепак има нешто важно, покрај резултатите. Тоа е публиката. Зарем не е “најфудбалска општина” во која локалното дерби на двата слабо пласирани второлигаши го следи преполно народ, со зафатени сите места за седење и стоење околу игралиштето? Публиката за да гледа фудбал во Г. Коњари плати влезница од 100 денари. И не само во Г. Коњари, туку и во Прилеп, на Градскиот стадион “Гоце Делчев”. Младиот тим Победа губи, а публика пак доаѓа. Во саботата, со радовишки Детонит, по разните вести за промена на часовниците, од зимско во летно сметање, некои гледачи погрешно разбрале дека мечот почнува во 15 часот (а почна во 14.30), па влегоа половина час подоцна. Без никаков приговор, пак платија 100 денари, од љубов кон клубот. Затоа, секоја чест за сите во Г. Коњари и во Прилеп. Издржуваат покрај поразите. Победа – Детонит 0:6 и Кожуф – Г. Коњари 3:0.

В сабота Победа гостува кај Слога во Виница, а в недела (15.30 ч.) Г. Коњари игра дома со Вардар Н.

Табела: Скопје 50, Охрид, Брегалница Ш. и Шкендија А. 49, Беласица 44, Осогово 42, Новаци 40, Детонит 38, Кожуф 32, Тетекс 30, Саса 25, Вардар Н. 15, Преспа 12, Победа 11, Слога В. 8, Г. Коњари 7.

Loading