Предвелигденски концерт на хорот Керамија

За христијански празник Велигден, хорот Керамија ќе одржи концерт на 6 април во фоајето од ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се изведат тропари во византиски напев, литургиски песни од источната и западната христијанска традиција, како и духовна и световна хорска музика. На програмата се дела од Мокрањац, Бортњански, Нектариос оф Аегина…

Концертот е дел од програмата на Центарот.

Женскиот камерен хор Керамија со професионални музичари и аматери постои три година на иницијатива и под диригентската палка на Катерина Попоска. Хорот е наградуван на настапи и натпревари.

Loading