Фудбал: ОФС Прилеп
Некои го паметат како врвен фудбалски судија со знакот на ФИФА, други како секретар на ФК Победа, трети како активист во рамките на Фудбалската федерација на Македонија. Доволно е да се спомне прекарот Маџо и се знае за кого станува збор – за Трајче Маџоски. Се памети и покрај тоа што поминаа 15 години од неговата смрт во 2011 година. Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп, предводен од претседателот Марјан Стојковски – Манта, одреди постхумно признание за него, плакета. Во неа пишува дека бил долгогодишен член на ОФС Прилеп, судија и контролор, посветен фудбалски работник и функционер во ФФМ.
Од судењето се прости на мечот Победа – Партизан 2:2, во 1996 година.
![]()

