Фељтон: Томе Велјановски
Од нивниот брак им се родила во 1925 година ќеркичката Босилка, се разболел домазето Боше и умрел. Вдовицата Бошејца зема трет маж, втор домазет Никола Џелино од с. Мојно. Никола кога дошол во Рувци, со него си го донесол неговото дете Мице од бракот од починатата негова прва жена. Никола и неговата втора жена вдовицата имаат четири деца, по азбучен ред, Бранка, Душан, Кристо и Ленка. Од сите овие четири бракови, се осум деца мешани, порастени и удомени и со свои потомства.
Василичарите кај Димитрија пречекани домаќински од неговата жена Димитрица Илинка родена Колеска поради домаќинот Димитрија, зет Колески повикан кај Колевци Велевци за да му прави друштво на зето Мише од Вешеревци од Ношпал, момчето на Велевата ќерка Најденка, внука на Илинка од брато Веле. Куќата весела, прават цив пиле во пампурот и со сиот нивни глас, викат суро. Возрасните василичари веселба прават, менуват од ора во песни поддржани со музиката. Делачот на василичиниот подарок е Мурџески Атанас. Од детство комшивско заедништво се со домаќинката Илинка, а уште поближно пријателство ги зближува во тоа што нивните мајки Колеска Мојсојца Неда е од Никовци од Лопатица и Ристеска Јованица Ѓурѓа Мурџеска исто така е од Гроздановци, двете од Лопатица, прилепско. Атанас со тепсијата излезе надвор, се поткаче на каменовото одморалиште, децата по него, добиват подарок колбаси и заминуват во соседната куќа, возрасните по нив кај Јованоски Душан.
Гостите василичарите кај Душан пречекани и почестени со жесток пијалок. Децата си работат по нивни интерес, го отворија пампурот со стапчињата буричка, лета искри, смеа голема и гласно викат за денот суро. Во куќата, ора и песни има. Јован дедото, 69 годишен заедно со бабата Ивана Шенгоска од прилепско Лопатица, негова врсничка, седат во ќошот е пратат играта од децата и се подсмеват.
Домаќините Душан и неговата сопруга Правда Здравеска од прилепско Алинци припремиле василичен подарок за василичарите и делачот на подарокот тој е Алексо Кадичето. Меѓутоа и братот Алексо комшијата со неговата сопруга Коца Бодлеска од Дедебалци донесоја една тепсија полно со колбаси. Децата влегоја во нивната одаја, направија адет цив пиле, се вратија пак кај Душан. Заради премалата соба, возрасните василичари се поздравија со Јованоски Алексо.
Алексо Кадечето, верен пријател на Душан, со две тепсии застана пред надворешната врата поткачен на каменовото одморалиште, децата по него, им дава по две колбавчиња на сите по ред и заминуват кај Велјаноски Ванѓел кмето. Алексо пред друштвото развеселен вели во шега, кај се моите еснави, конкуренти од нивни срам против мене колбасари се разбега, кој остана по куќи в село, кој надвор во селата, ќе се рамнат со мене, нема шанца, еден е Алексо Кадичето во Марул. Еснаво го поддржува и тој само донафрла. Со неговите фалби, можи и од планина мечка да фати, само да не е стрети. Василичарите кај Велјановци примени како и кај секое домаќинство дотогаш и почестени со пијалок, малите василичари со стапчињата во отворениот пампур кршат дрвени жарје и го слават дено Василица со викање Суро.
Позади пампурот седи седумдесет и две годишниот Ристе, се топли и на децата му вели, ние кога бевме деца немаме вака како вас со пампур, растеме во турско време. Нашите куќни живеалишта беа луѓето и добиците беа во иста просторија. На едната страна луѓето, на другата страна добиците. Тавани малтерисани од трска немаше. Оџаци немаше, прозори немаше. Имаше огниште, над него на греда обесен синџир со кука (викани верушки) за обесување на котлето за готвење, во ќошот црепната ив ршникот за печење леб. Чадот од огнот одеше нагоре низ баџата, греењето беше сите поседнати наоколу огништето однапред се топлиш, а додека од позади на грбот студи. Повеќето христијански жители беа момчи кај беговите.
Беговите не и дава на рајата да се развива ќе му се качеле на царо на главата. Во работното време ќе помини ќаато со камшикот, ќе замавни со него некое годе и ќе вика станувајте за на работа. Танески Бошев Атаанс како рајати со своја куќа проба да биди помодерен, посовремен во живото отвори прозорец и соѕида оџак на куќата. Амдија Лазески бегот марулски налутен вјавнал коњот, доваѓа во дворот кај Атанас му го турна оџакот и го затвори прозорот со изговор, ти сакаш да се качиш на главата на султано наш, го казнил со десет лири турски глоба.
Преку зимата баџата со долг дрвен драг се затвораше со алиште во зимно време, заштита од струдот, преку денот поново се отвораше за чадот да излегува. Исто така, беше и во градот со христијанските куќни живеалишта, дома има камин, огниште, но надвор нема правилен оџак него наместо оџак како завршница се ставаше земјен ќумец од водовод.
Најголемо понижување беше во тоа што христијаните, каурите штом стрети муслиман како навика беше, го познава или не, ќе му се поклони и со благослов ќе изговори, ага да ни е жив царот, тој ќе возврати или не, е негова одлука.
Таков беше тогашниот живот во турско. Не беше за џабе измислена навиката кај христијаните – каурите кога некој оди од куќата на подалечен пат, прво ќе земи збогум со домашните и заминува каде ќе треба да оди.
Додека се правеше овој разговор со дедото Ристе домаќинката Ванѓелица Неда, писокалка, чумовчанка, тепсијата со василичиниот подарок му е подаде на комшијата Богданоски Драган. Драган е зеде тепсијата, застана на надворешната врата на чардакот, децата по него почна д аим дава парче колбавче. Која како зема колбавче и заминуват во комшивската куќа кај Стеваноски Живко. Посетата на василичарите кај Велјановци заврши повеќе со историски разговор него со ора и песни. Зето Котески Ќиро, момче на Ристевата ќерка Роса иако беше поканет за ручек не остана поради неговото дете Зоре и внучето Мирко од брато Петре, сака да си одат дома со собраните колбаси.
Продолжува
![]()

