Не само сега, Прилеп силен и во иднина!

Дека машката екипа Прилеп е силна, покажува табелата од плејаутот на Супер лигата на Македонија. Таму е на првото место, со 26 бода, три повеќе од втората екипа на Еурофарм Пелистер 2 од Битола. Но во прилепскиот клуб се мисли и на иднината.  Еден тренер и двајца ракометари ги продолжија договорите. Тоа се Наум Танески (шеф на Стручниот штаб), Никола Шипинкоски (десен бек) и Димитар Димитриоски (лево крило). Сите придонесоа за последниот триумф на гости со Струга (25:31), каде Танески го водеше стручниот дел, а меѓу најдобрите стрелци беа Шипинкоски со 5 и Димитриоски со 8 гола, покрај Денис Шабановиќ и Томислав Квастек со по 5 гола. Следниот дуел е викендов, со Пролет, пак на гости, во Скопје.

Табела: Прилеп 26, Еурофарм Пелистер 2 23, Пролет 19, МРК Куманово 11, Струга 7, Радовиш 0.

Во женската Прва лига на Македонија, во Свети Николе, Деспина со 29:22 загуби од Овче Поле СУ, а викендов во Прилеп гостува Стружанка.

Loading