Мугра и зора
САД, Флорида, Мајами, лето, година 19… Мексиканецот Мигел седеше во скромната “крчма”, посетувана главно од Мексиканци. Пиеше текила од чашата и без збор загледан во својот пријател Лео. Потоа рече:
– Значи, амиго, те пуштиле од затворот пред десетина дена и сега ти треба работа?
Лео, јак, висок човек на околу 35 години, отпи од чашата со сок од портокали, и по својот обичај спокојно, речиси со монтон глас, одговори:
– Како што ти кажав, амиго. Барам работа, ама не ми се работи во некоја фабрика, туку нешто друго, на слобода, да се надишам воздух, доста ми беа затворени простории.
– Слушај, Лео, како што знаеш, градинар сум кај богати луѓе. Имаат палата. Околу ндрвја, цвеќиња… Воздух колку што ти душа сака. Одржувањето на терените со градини и дрвја не е секогаш лесно. Ама ти си сиот мускул. За тебе ќе биде спорт, ваканции.
– Ако се согласам, ти што ќе правиш, амиго?
– Ќе се вратиме кај свршеничката во Мексико. Заштедивме некоја пара. Таму ни се и фамилиите. Имаме доста за почеток на нов живот во нашата земја.
Лео се зачуди:
– Не разбирам. Многу твои земјаци сакаат да дојдат во земјава на Гринговците, а вие ќе се враќате во Мексико…
– Марија запнала да се вратиме, та да се вратиме!
– Е, Мигел, што жена сака и Бог го сака. Твојата Марија ја фатила носталгија за родната земја.
– Така нешто. Затоа ти велам да дојдеш да те претставам на газдите како добар градинар. Ќе те научам како треба да работиш. Кога ќе заминам, ќе го наследиш работното место.
Лео размисли, па му одговори на пријателот:
– Кога почнувам?
– Утре изутрината, ќе отидеме таму заедно.
Следниот ден Мигел и Лео работеа нешто повеќе од два саати, кога од големата куќа на стопаните излезе една млада жена. Лео се загледа од далеку со острите далекувидни очи и го праша Мигела:
– Која е девојкана?
– Таа е сењорита Александра. Колку елегантно е облечена? Не е за тебе. Заради убавината, а сигурно и заради парите. Околу неа се вртат млади луѓе, но никој досега не ја фатил.
Сењорита Александра се качи во еден луксузен автомобил со отворен покрив и заминае некаде. По малку време се врати. Слезе од колата и тргна кон двајцата градинари. Го праша Лео.
– Вие ли сте заменикот на Мигел?
– Да, одговори кратко Лео без да се помачи да употреби некоја формула на учтивост од типот “госпоѓице” или нешто слично.
– Денеска доста сте работеле. Треба нешто да ми помогнете. Дојдете со мене.
Лео се сврти кон Мигел. Се трудеше да го скрие изненадувањето. Го поздрави со едно “аста ла виста, амиго!”, довидување пријателу. Тргнаа по елегантната, тенка и висока госпоѓива.
– Имате ли со вас возачка дозвола?
– Да, мис, се потруди да биде учтив Лео.
– Седнете пред воланот. Ќе одиме на плажа. Сакам да се покапам, но не ми е згодно да бидам сама.
– Немам гаќи за капење…
– Не е важно, запрете пред некој дуќан и ќе купите што е потребно.
Му подаде пари, и пред неговиот зачуден поглед, му објасни:
– За гаќите за капење.
– Не, мис, гаќите сам си ги плаќам.
– Земете ги париве, ве молам, оти ќе се навредам. Сметајте дека овие пари се за купување дел од униформата за вас, а не некое облекло што ви подарувам.
(продолжува)
![]()

