АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога системот е доведен во прашање, проблемот не е во поединци, туку во моделот.

*

Профитот не може да го замени мозокот.

*

Каков мислител е тоа кога мисли со туѓа глава?

*

Од репризи, заборави што се премиери.

*

Прифатија компромис и заборавија по кој пат дојдоа.

*

Човекот си е на место, а никако да си најде работно место.

*

Системот не може да создаде добри луге, но може обратното.

Д-р Хаџи-Васков

Loading