Промоција на романот
Вечерва од 18 часот, во библиотеката ќе се промовира најновиот роман на Венко Андоновски, “Александар јава на запад”. Ова дело доживеа второ издание.
Промоторот Габриела Стојаноска-Станоеска, позната поетеса, ќе го доближи “Александар јава на запад” обелоденувајќи ги сите симболи и значења што се кријат зад хуморот.
Андоновски вели дека има смење до солзи, ама нема секогаш да се знае и дали додека течат солзи од смеа, сепак се плаче над бедата на историјата, над денес понижените херои и над паднатиот човек.
![]()

