В НЕДЕЛА – „СИТЕ ВО ПРИРОДА“

Планинарското Спортско Здружение (ПСЗ) „Козјак“ – Прилеп, в недела (5 април), организира голем планинарски настан насловен „СИТЕ ВО ПРИРОДА“, поддржан од Локалната самоуправа, во соработка со основните и средни училишта. Должината на рутата е 10 км. И е лесна и погодна за сите возрасти.

– Настанот е одлична можност учениците, наставниците и граѓаните заедно да излезат во природа, да се дружат, да пешачат и да ја почувствуваат убавината на планината. Целта е да се поттикне љубовта кон природата, здравиот начин на живот и заедништвото помеѓу младите – информираат од  (ПСЗ) „Козјак“.

Собирот е в недела, 8 – 8:30 часот пред ОУ „Гоце Делчев“.  Рутата води кон Топташ – Карпата „Момата“ – манастир „Св. Димитрија“ с. Селце каде обезбеден е ручек, планинарско гравче за сите учесници и назад до Театарот „Војдан Чернодрински“.

Loading