Велигденски пост

Велигденскиот пост опфаќа 7 недели или 48 дена, од Прочка до Велигден. Затоа се вика и четириесетница, плус последната седмица дополнителниот строг пост страшната седмица.

Постот значи воздржување телесно и духовно од мрсна храна и од гревовност. При телесниот пост се воздржува од храна од месо, млеко, јајца и производи од нив. Доминира храната од растително потекло. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, бремените, леунките, доилките, патниците и сл.

Постот е мајка на здравјето.

Loading