Пинг-понг
Во Скопје се одржа Државното првенство во пинг-понг за сениори, а внимание привлече Александар Рикалоски. Иако е член на Студент од Скопје, тој е прилепчанец со фантастичен настап и три бронзени медали во сите категории. Поединечно одигра до полуфиналето со пет последователни победи. Во машки двојки, беше заедно со Нико Доага од прилепски Младост 96, а во мешани двојки со Ива Димитриеска од Младост 96. Тука подобропласираните од нив (втори) пак се од Младост 96 – Нико Доага и Софија Хасану.
Прилепски успеси во женски двојки: втори се Ива Димитриеска (Младост 96) и Сара А. Стојановска од Ѓ. Петров, а трети Софија Хасану (Младост 96) и Фани Јованоска (Младост).
![]()

