Прилеп во Струга

Ракомет

Продолжува плејаутот од Супер лигата за мажи, а екипата Прилеп гостува во Струга. Иако е на гости, прилепскиот состав е фаворит. Во претходните дуели, во Струга, Струга – Прилеп беше 25:33, а во Прилеп, Прилеп – Струга 34:27. Се очекува трета победа. За тоа, обврзува лидерското место на табелата. Вклучително и овој меч, до крајот претстојат осум меча од плејаутот.

Табела: Прилеп 24, Еурофарм елистер 2 23, Пролет 17, Куманово 9, Струга 7, Радовиш 0.

Во женската Прва лига на Македонија, во Прилеп, Деспина со 27:32 загуби од МРК Ѓорче Петров од Скопје, а викендов гостува кај Овче Поле СУ во Свети Николе.

Loading