Фељтон: Томе Велјановски
Василичарите весели од напивките се тресат ора и песни, се редат поддржани од музиката. Децата го забележа делачот на василичиниот подарок, голем Тодев пријател од НОВ, војници партизани во шестата бригада, тој е Петрески Ванчо Бабјак, излегува надвор со тепсијата полна колбаси, се поткачи кај сокницата и како обично децата во ред по него добиват следовање колбавче и заминуват во соседната куќа кај Котески Петре, возрасните распеани влеват кај Петре.
Василичарите кај Петре одат весело распеани. Децата ја завршуват својата работа, направија цив пиле со грла гласно викање суро. Се редат ора и песни додека не се појави делачот Танески Тане Котески, комшии. Ама, има и друго. Нивните сопруги се од исто село, од Волкосело. Сопругата од Петре Трајано му е ќерка на Петре Дурлески. Сопругата на Тане, Анѓа му е ќерка на Петко Кузманоски. Се слушна во шега, селскиве волковски баџанаци си помагат меѓусебно. Тане Мицески ја зеде тепсијата полна со колбаси, излезе надвор на каменовото одморалиште, децата во ред по него, по нив и возрасните влегуваат во дворот Дамјаноски без музика поради бабата Дамјаница Ристана нема наполнато година дена од нејзината вечна починка.
Василичарите земат подарок од делачо Танески Богоја во дворот и заминуват кај Василоски Милан Борачо. Дамјаноска Ристејца Митра прабабата на Богоја Ристејца Танеска се од иста куќа од Вишиновци од Прилепец. Се дозна да кај Дамјановци имало гости, зетовите од сестрите на Ристе и Никола Чолако Ордан зет за Ѓурѓа од с. Мојно. Николоски Петре од с. Алинци, прилепско зет за Стојна, Ристески Методија Мамалига, зет за Петкана од с. Мојно. Петрески Тоде од Чумово, зет на Ристе за ќерка му Марија кај нив се приклучи за зетовската гозба и Колески Благоја, дотогашниот василичар, зет на Ристе за ќерка му Слободанка.
Василоски Милан, човек еснавлија за пречек на сите гости, тој е со исти домаќинлак, пак и за василичарскиве гости. Василичарите пречекани и почестени. Малите кај пампурот вадат жарје, летат искри од мавање со стапчињата, летат искри и гласно викат суро. Некој сакат да пржат колбаси, ама се слуша одзборување како совет немој да пржиш колбаси, ќе имаш помалце од нас на ражени не пржам.
Куќата весела, музиката свири, се редат песни и ора. Од тупокот на ораџите се треси дрвеното душеме. Танески Тоде, крштеник од Милан е деалачот на василичиниот подарок. Тоде со тепсијата в раце полна со колбаси, излезе на чардако, децата по него земат колбавче и заминуват во комшивската куќа кај Василоски Трајан.
Василичарите кои почестени со жесток пијалок. Децата со стапчињата кршат жарови во пампурот и означуват со викање, денот Суро. Куќата весела со музика, ора и песни. Братот на домаќинката Трајаница Блага Петрески, Алексо Бабјак, децаат по него земат колбавче кај брато на Трајан Алексо, под еден покрив му е нивната куќа.
Василичарите кај Алексо Василоски пречекани како и кај сите претходни домаќинства преку дено, почестени со жесток пијалок. Децата го направија адето кај пампурот со цив пиле и со гласно викање го одбележа празникот Суро. Собата топла и весела, се редат ора и песни поддржани со музиката на свирачите Нацко, Симон и Петре.
Домаќинката Алексојца Тодорка Златеска од Добрушево го припремила василичиниот подарок и му го предаде на Мурџески Атанас, една тепсија полна со колбаси. Атанас делачот, постари деленици со Василовци, излезе надвор на чардакот и ја отпочна делбата, прво на децата, па на возрасните, редум добиват колбавче и заминуват во соседната куќа кај Котески Ќиро.
Ќиро, дотогаш шетач со василичарите, сега домаќин, ги пречека сега домаќин, ги пречека василичарите. Децата влевање в натре во собата, отидоја кај пампурот, прават цив пиле и викат на неколку пати, суро, суро, суроо. Неговите стари родители, 87 годишниот татко Божин и 72 годишната мајка Јана Колеска, седат во ќошот, гледат кај децата и се подсмеват. Куќа весела, музиката свири, се менуват ора и песни, и обратно. Домаќинот Ќиро и Роса Велјаноска марулчанка му ја подадоја тепсијата со колбаси на Јолески Благоја кој излезе надвор на чардакот со почеток почна да дели колбаси, прво од малите деца. Како што излегува василичарите, секој добива колбавче.
Со тоа заврши шетањето во Јужното маало Трета бригада. Од сите возрасни василичари се направи една хумана работа кои одделија од своите собрани василичини колбаси, како подарок еден му се подарија на старите дедо и баба, 75 годишните Илија и Петра Бабјачката Крушкоски Јованоски или Курелоски. Подарокот им го однесе Танески Спасе, татко му Тане е Крушкоски Нунко. Василичарите тргна преку Капинешката река повторно Средно маало Втора бригада кај Јованоски Ванѓел Курела.
Василичарите од кај Ќиро Котески само што е премина бачилешко – капинешката река удрија на веселба, патот со песни и ора за кај Јованоски Ванѓел со каснење. Децата ги направија адетите со цив пиле и суро. Домаќинката Ванѓелица Босилка Котеска од М. Рувци од вториот брак на Менка, мајка е коњарка со вториот брак со Боше Ѓекоски од Путурус ја имале Босилка и Боше умрел, му ја подаде тепсијата на Танески Богоја со колбаси, децата по него и им дели колбаси, сите кои земат колбаси заминуват в комшии кај Јованоски Димитрија. Возрасните закаснаа, не влегоа дома кај Ванѓел во дворот со музиката, примија подарок колбаси и замина кај Димитрија. Едно објаснување, мајка е на Босилка коњарка мажена за Котески Коте во Мало Рувци со кого имале две деца Трајана и Цвета. Коте носел рани од фронто од Првата светска војна, умрел. Неговата жена останала вдовица со две деца сирачиња. Котејца вдовицата за да си го поолесни животот го зела домазет од Ѓековци, Боше од с. Путурус.
Продолжува
![]()

