Може и подобро

Фудбал: Трета лига

Од ОФС Прилеп екипата Ултрас е највисоко на табелата од Третата лига – Југ, Претходното 17. коло можеше и подобро, до триумф против Влазними јуниор Пресил во Мало Коњари, но резултатот е 1:1. Како што се очекуваше, Ултрас поведе преку Јосиф Стојчески, но пред крајот прими гол. Следен противник за Ултрас е Тополка од Велес, на игралиштето со вештачка трева во Прилеп, в недела од 15 часот, а Влазними ј. гостува кај Башкими во Велес. Млекар Мало Коњари е слободен, по поразот 4:0 од Борец во Велес. Бучин беше слободен, а сега игра кај Превалец во Велес. И Питу Гули беше слободен, а задутре игра со Младост Кривогаштани, тим којшто со 0:1 загуби дома од Превалец.

Табела: Борец 43, Превалец 37, Венец 34, Ултрас 32, Росоман 24, Питу Гули 23, Башкими 21, Бучин и Младост 15, Тополка и Влазними ј. 14, Млекар 13, Дреново 1.

Loading