Фудбал: Втора лига
Преполно народ и на местата за седење и на местата за стоење околу игралиштето во Големо Коњари за локалното дерби, Големо Коњари – Победа 2:0. Меч што можеби не одлучува многу за Втората лига на Македонија, но се виде дека не е безначаен за Прилеп и Прилепско. Љубители на фудбалот отсекаде. Организација на високо ниво. Играта на страна на домаќинот, со двата гола на Беким Алимоски, но аплаузи на крајот и за младата екипа на Победа.
Викендов претстои гостување на Г. Коњари во Гевгелија кај Кожуф, а Победа дома игра со Детонит од Радовиш.
Табела: Охрид 49, Шкендија А. 48, Скопје 47, Брегалница Ш. 46, Беласица 43, Осогово 39, Новаци 37, Детонит 35, Кожуф 29, Тетекс 27, Саса 25, Вардар Н. 15, Преспа 12, Победа 11, Слога В. 8, Големо Коњари 7.
![]()

