Криза

Кошарка

Криза во Мега баскет, учесникот во Првата сениорска лига на Македонија. Доживеан е нов пораз дома, во плејофот (Топ 8) во салата на ОУ “Добре Јованоски”. Подобар беше тимот Соколи од Штип, со 88:106. Уште на полувремето се насети дека двата бода ќе бидат за гостинот, поради резултат 33:57. Недостигот на термини за тренинзи е главниот негативен фактор. Викендов нов тежок дуел за Мега баскет. Гостува кај второпласираната Струмица 2001.

Табела: Соколи и Струмица 21, Бутел и Борец 20, Вардар 17, Мега баскет 16, Охрид 15, Водно санс 14.

Loading