Град на љубовта

Верона

Италијанскиот град Верона е полн со возбудлива историја. Познат е по љубовната приказна пренесена од минатото, денешнината, па и иднината. Познатата стприја за љубовта меѓу Јулија и Ромео ила мотив за многу литературни, филмски, театарски и други дела. Верона е позната и по готската архитектура, по градбите со црвени цигли.

Распослана е во долината Поа, препознатлива по производството на вино и на храна. Кај езерото Лаго ди Гарда, Верона е популарен град со околу 250 илјади жители. Таа е значаен индустриски центар и важен сообраќаен јазол.

Низ пријатен сончев дена, патот води кон плоштадот Бра. Бидејќи ова здание е во реконструкција, може да се почувствува повеќе печатот и духот на времето низ тесните улички. Блиску е, гордо кренатата, Арената. Таа е симболот на Верона. Римскиот амфитеатар познат од првиот век е најдобро сочуван древен објекти во светот, иако во 12 век претрпел извесни оштетувања од земјотрес. Објектот и денес е функционален. Се одржуваат значајни манифестации. Таму се случи затворањето на Олимписките игри. Акустиката е одлична. И сега може удобно да се следат некаква манифестација со околу 15 илјади посетители. Околу е градската куќа, а преку патот многубројни ресторани. поради привлчноста, Верона е магнет на илјадници посетители, кои, за да го задоволат љубопитството и да го видат на “лице место” читаното во книгите, гледаното во кината и театрите, буквално се туркаат низ вековните сокачиња  полни со историски татнежи.

Љубовната приказна за Ромео и Јулија се смета дека Шекспир црпел податоци од “вистинска приказна” за семејството Монтеки и Капулети да ја напише драмата. Не постои доказ дека тој престојувал во Верона.

По главната улица од плоштадот патот води кон стариот град. На крајот е куќа нарекуваат по Јулија. Нема доказ дека била вистинска, но е атракција преку која се раскажува приказната. Тука е музејот, а во куќата има балкон од кој Јулија и Ромео се заколнувале на љубов. На крајот од дворот е бронзената статуа на Јулија, која секој посетител ја допира, оти се мисли дека носи среќа и љубов.

Плоштадот Ербе е централен. Покрај него е плоштадот Сигноре. Обиколени се со живописни објекти од различни периоди, кои пленат. Во центарот е фонтаната Мадона Верона од 14 век. Блиску е капелата Берлина  каде се устоличувал градскиот поглавар. Доминира кулата Ламберти со 84 метри од 12 век. Денешниот изглед е прелсикана и во Венеција во 16 век. Тука е и саат од 18 век. Внимание привлекува и барокната палата Мафеи, на чиј врв има статуи на Херкул, Јупитер, Венера, Меркур, Аполон и Минерва. Од левата страна е кулата Гардело, а пред неа мермениот столб на лав Свети Марко, симболот на Млетачката република. Тука е и најстарата куќа во Верона – Мазанти. На плоштадот е пазарот со сувенири и локални производи.  Господскиот плоштад е декориран со палати, меѓу кои и на семејството Скалиџери. Во центарот доминира споменикот на Данте Алигиери од 19 век, кој иако не е роден во градот, најголемиот дел од животот го минал тука.  

Убаво е да се видат уште дворецот од црвена цигла, кој сега е музеј на уметноста со богата колекција на ренесансно сликарство и средновековна скулптура, Мостот Пјетро, или камениот мост од првиот век п.н.е и најстар и најатрактивен мост во Верона…

Одморот може да се направи во некој од бројните ресторани или во помалите улички каде може да се вкуси панини, фокача и џелато сладолед.

Текст и фото

Каролина Мицевска

Loading