Прилепската полиција го лиши од слобода Е.Ш.(21) од Прилеп, оти тој со Опел со прилепски таблици учествувал во сообраќајна незгода со полициско возило Пежо на крстосницата од ул.”Кузман Јосифоски” и ул. “Ладо Лапецот”. При тоа е направена материјална штета.
Констатирано е дека Е.Ш. управувал возило без возачка дозвола.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
![]()

