Велеа револуцијата си ги јаде децата, ама тие што преживееја ја изедоа и неа.
*
Реформи треба не само на малиот прст, туку на целата дланка.
*
Кога некој излегува од состанокот веројатно не оди само да плукне.
*
Кога двајца лажат, зарем е важно кој повеќе лаже.
*
Синдикатите не може да имаат и левица и десница.
*
Народот не може да црвенее за политичарите.
*
На државна цицка и многу возрасни!?
Д-р Хаџи-Васков
![]()

