6000 даба ќе вегетираат под Маркукуле

Како дел од проектот пошумување на споменик на природата, за денот на пролетта, локалните власти организираа пошумување на дел од локалитетот Маркови Кули. Стотина волонтери со поддршка на Комуналец и Македонски шуми засадија 6 000 садници на даб.

– Садниците се избрани според прописите од Институтот за старословенска култура, кои се задолжени за одржување на изгледот на овој споменик на природата и она што значи заштитено културно наследство. Овие акции треба да бидат почести, а не само за денот на природата – вели градначалникот Дејан Проданоски.

Како дел од проектот, Прилеп доби и еден трактор, 25 дупчалки за садење и 100-тина парчиња друг алат.

Loading