Спа крај езерото Лаго ди Гарда

Лаго ди Гарда е најголемото италијанско езеро. Поврзува преубави пејзажи меѓу вода и планина. Кај Верона е полно со атракции и можности за релаксација и уживање во италијански стил. Јужната и северната страна се сосема различни, како по географија, така и по градчињата што се околу. На север езерото е зокружено со високи планини, подлабоко е, а на југ е заобиколено со рамнина. Водата е како солза и температурата е пријана за капење, особено лете. На југ помалку е фенси, а на север е поопуштено и преовладува спортскиот дух. Како ограда се полно градчиња на брегот. Најголемо е Рива дел Гарда, со венецијански и барокни згради со пастелни црвени покриви. Потоа се Сирмионе, Лимоне сол Гарда, Малчесине… Има и забавни паркови како Гардаленд, патеката Страда дела Фора, островот Изола дел Гарда, водопадот дел Вароне, планинскиот масив Монте Балдо.

Сирмионе е езерско градче, ама на рид. Тоа е носечка туристичка мамка за илјадници посетители. Познато е по термален центар со два извора на вода богата со сулфур, натријум и јод. Инвеститорите кренале многу спа хотели, но и отворен спа центар на брегот. Уникатнно е, оти е мешавина на култура, историја и привлечности. Со прошетка се вдишува околинатаи се чуствува владеењето на мирот. Гратче е древно, од камено време. Населението живеело од риболов. Во Римско време, побогати семејства од Верона се преселилувале. Изградиле вили, како импресивната Грото Катуло. Во 12 век добило стартешко значење. Затоа семејството Скала ја изградило тврдината Скалиџери. Таа пречекув на влезот на стариот дел, освојувајќи ги сите очите на “ненаситните”, посетители со својот шарм. Тврдината обиколена со канали. Погледот на езерото од кулата е рамен на видик за “милион долари”. Замокот е сочуван. Изгледа како да плови по езерото.

Околу, на највисоката точла, се откриени остатоците од римската вила Катуло, заокружена со маслинови дрвја. Мами музејот на Марија Калас, Таа тука го минала најголем дел од својот живот. Воодушевувања доживувале и Стендал и Гете. Бидејќи е тука, може да се ужива во генијалноста на архитектите и сликарите на црквата Сан Пјетро Мавино.

Сирмионе е најпознато по термалните води кои излегуваат од дното на езерото. Спа центрите видте ги користат и за медицински цели, за убавина и за греење. Пожелно е да се мине еден ден во Терма ди Сирмионе или  во лето на плажата Јамајка. Кристално чистата вода е иделана капење и локацијата за сончање.

Уживање претставува прошетката низ тесните, поплочени улички, полни со продавници, ресторани… Италиајнските специјалитети имаат посебен вкус карј брегот. Тури и бројните понуди на слатки се поинакви, отколку на други места во Италија. Разлика на поарно се чувстува и во сладоледот – џелато.

Текст и фото Каролина Мицевска,

Loading