“Се откачуваш” да останеш нормален

На кратко со Златко Карчески

Како се роди твојата љубов за “релаксација” со трчање низ планини?

– Љубовта кон природата беше тука од секогаш. Трчањето започна баш како што викате во прашањето, како релаксација.

Како се развиваше меракот за природата видена низ трките?

– Природата и планинит еимаат чудна моќ. Тоа  поинакво ниво на уживањ. Лесно се опишува, ама тешко би сфатил тој што не ги ужива редовно. Трчањето само дава уникатна можност за пократко време да се доживее поголема и обемна убавини.

Како се одржува кондиција?

– Со тренинг. Многу тренинг.

Какво е доживувањето при прегратката на физичкиот напор и планините…?

– Врската меѓу телото, умот и природата е нераскинлива. Кога телото го дава максимумот, мислите се расчистуваат и фокусот се насочува кон секој чекор и здив. Пејзажите што го одземаат здивот се награда за целиот труд.

Која е таа сила, инспирација што те турка во нови подвизи, на продолжување на дружењето со мајката – природа и совладувањето на нагорнините, надолнините, камењата, полјаните…?

– Искрено не е потребна од дополнителна мотивација и инспирација. Инспирација е секогаш планината, а мотивацијата е љуботав кон движењето и природата.

До кога ќе го негуваш овој необичен спорт, потежок од маратон?

– Додека ме држи телото. Не знам, а и не е благодарно да се коментира и да се прогнозира. Секоја дисциплина има своја тежина, посебно ако се цели на високи пласмани.

Како ги хармонизираш трчањето и музиката во групата Д, хаундс?

– Музиката, културата и природата се нераскинливо поврзани. Немам проблем да ги координирам тие две нешта. Музиката сепак ми е професионална определба и голема љубов, а планинското трчање е друг тип на радост и пасија. Тоа е потребата да се “откачиш” за да останеш нормален.

Дали се тоа две нераскинливи врски кои се надополнуваат или…?

– Апсолутно.

Како одат ангажманите на музичкото поле, каде во групата Д, хаундс си вокал и бас гитарист?

– Моментно интензивно работиме на нов авторски материјал, после двата издадени албуми. Настапите си течат непрекинато. Агендата за 26-та е речиси целосно пополнета. Имаме големи планови со бендот за годинава. Се надеваме дека ќе се остварат. Ќе бидете известени и поканети на сите промоции и новости што ќе следат во месеците пред нас.

Loading