Фељтон: Томе Велјановски
Василичарите од кај Ордан Танески одат распени, весели поддржани со музиката кај Трајан Танески пречекани од домаќинот Алексо и почестени со жесток пијалок. Во ќошот на гостинската трпеза седат домаќино Трајан и три зетовци. Смилески Стеван, зет за сестра му Благуна од с. Добрушево. Апостолоски Методија од Чумово, зет на Трајан за сестра му Султана и зето Вишиноски Блаже од прилепско Алинци, зет на Трајан за ќерка му Илинка.
Децата го отворија пампурот со стапчињата, кршат жарје и гласно викат за денот, славата Суро. Свирачите започна да свират, куќата се развесели со ора и песни. Јолески Благоја, делачот на василичиниот подарок, втор брачед на домаќинката Спасија од две први брачетки Доста и Сребра, со тепсијата в раце, како и на Коледе, излезе на чардакот, почна да дели колбаси, василичарите земат колбавче и заминуват групно кај Ѓорѓија Котески.
Поради дедото Илија е тешко болен, нема веселба со музика и влегување дом аод страна на возрасните василичари. Децата влегоја да го направат адето, обичајот во пампурот со цив пилето и викна суро и го виделе болниот дедо Илија, лежи в посетла и покриен со повеќе волнени алишта, ама и тој опулент, ги видел децата. Домаќинката Ѓоргица Анѓа Пеоска од Бонче му подаде една тепсија со колбаси на Атанас Мурџески, нивни нунко кој е зеде тепсијата се поткачи на каменовото одморалиште пред куќата и почна да им дели колбаси на василичарите, во прв ред на децата. Василичарите како добиват колбавче и заминуват кај Ристе Танески. Кај Ристески куќата е отворена, весела, има гостин, зет. Момчето на Спасија, ќерка на Ристе Аџијоски и Јаковче од Чумово, седнат со дедото Ристе на гостинската трпеза натоварено со мезалоци пред се пивтија.
Децата си е знат работата, го отворија пампурот и со стапчињата буричкат, летат искри и гласно се смејат, викат за дневната слава суро.
Возрасните василичари се почестени со жесток пијалок од домаќините браќата Благој и Јован. Свирачите е развеселија куќата со музиката, се пеат ора и песни. Јован дарбосан игра орец, душа дава за орото Куцано. Го води Куцаното, до него ќерка му, дванаесет годишната Верка, дарбосана како татка си, куќата се треси од убавите ора од страна на василичарите играорци.
Се покажа и делачот на куќниот подарок Колески Благоја од мајка Велика Кирејца Симоноска од Ношпал, роднина со Јованица Ѕвезда родена во Мало Рувци кај Карбевци, внука од сестра на попо Неделко Грујоски од Ношпал. Велика и Ѕвезда по старото родство од Ношпал се поштова во Марул. Благоја со тепцијата в рац еполна со колбаси излезе на чардакот, децата во ред по него почна д аим дава колбаси. Како добиват колбавче и заминуват во комшивската куќа кај Танески Димко.
Василичарите од кај Ристевци кај Димко распеани, весело примени од Димко со булум почестени со жесток пијалок. Малите василичари тропа со стапчињата, скока искри, гласно вика суро. Така му е речено од постарите василичари без гласно викање три по три суро, суро,, суро, нема колбаси, лаги со опашки за малите дечиња.
Куќата весела со ора и песни. Алексо Кадичето често пати на Димко за куќната слава Варвара му бил гостин на Димко по тоа сега Димко го довери Алексо да биди делач на куќниот поклон. Алексо излезе со тепсијата на чардакот, децата, во ред по него, добиват колбавче и заминуват кај комшиата Дончо и Тане Танески. Возрасните со ора и песни, по нив весело влеват кај Мицевци.
Татко му на Алексо Кадичето, Илија Стојков Анѓеелски Малинкоски од Штавица (1898 – 1961) дојден е домазет во Марул во 1932 година на местата на починатијот Стеваноски Огнев Најдо за вдовицата Дуна. Мајка му на Димко Танески, Божна родена Мицоска од Штавица, умрена 1914г., била стара роднина на Малинковци – Мицовци.
Василичарите кај Мицевци почестени со жесток пијалок. Тука се двата зетови без третиот Толески Димче од Чумово. ЗлатеЧукалески од Клепач, момчето на Сребра и Вишиноски Раде од прилепско Алинци, седат во ќошот на гостинската трпеза со бабата Мицејца Митра Џобеска од Мало Рувци, мајка на нивните сопруги.
Децата насобрани кај пампурот отворен кршат жарје, летат искри, голема веселба и викање за славата Суро. Весела куќа со гости и василичари, се менуват со ора и песни. Меѓу ораџите е фатена на оро и домаќинката Танејца Анѓа, дарбосана ораџица Кузманоска од Волко село. Меѓутоа се појави и делачот на василичиниот подарок Танески Богоја со тепсијата излезе полна со колбаси надвор на дворното каменово почивалиште, децата во ред по него, земат колбавче и заминуват во соседната куќа кај Тодороски Лазар, возрасните распеани по нив. Танески Богоја при женидбата во 1953 година, голем девер на венецот му беше Танески Дончо.
Лазар е скромен, вреден домаќин пречекувал повеќе гости странци, како и разни служби ги пречека домаќински василичарите, млади – возрасни ги почести возрасните со жесток пијалок, децата со наполнат пампур со дебели дабови дрва за да има жарови каде сега децата се веселат кај пампурот, кршат жарје и гласно викат за дневната слава Суро.
Пристарата баба Тодорица Цвета родена Перкоска во прилепско Алунци омажена за многу помладиот Тодор во 1916 година, единствена веселба таа година во Марул, голема штета од војната, седи во ќошот, ги гледа делачите наоколу пампурот, се потсемева за нивната младост и децки ум шо викат суро.
Веселбата во куќата е голема, се редат ора и песни. Колески Благоја е делачот на дневниот подарок за Василица. Благоја застана со тепсијата полно со колбаси, децата во ред на чардакот како што излеват василичарите добива колбвас и заминуват во соседната куќа кај Котески Тоде.
Јованоски Тодоров Лазар и Дамјаноска Ристева Слободанка сега сопруга на Благоја Колески се втори брачеди од два први брачеди од сестра Митра и брато Дамјан.
Кај Котески Тоде вратата секогаш е отворена за гости, па и за василичарите. Тоде е еснаф домаќин. Василичарите пречекани и почестени со пијалок, а и тој мераклија на тоа.
Малите василичари си е знат работата, ја отворија вратат на пампурот, направија цив пиле неколкупато викано гласно суро.
Продолжува
![]()

