Жените и фотографијата 2026 во Куманово

По повод 8-ми Март, во Куманово е отворената изложба на фотографии насловена “Жените и фотографијата 2026”.Дела поставиле седум авторкии од Прилеп, Мери Бошкоска, Каролина Мицевска, Мери Трајкоска, Натали Десоска Гешоска, Хилда Белеска, Гордана Николоска Димеска и Елена Мирческа. Изложбата е силна платформа за афирмација на женското фотографско творештво во Македонија.

– Фотографијата е глас, емоција и лична приказна. Преку објективот, авторките создаваат дела исполнети со длабочина, сензибилитет и силна визуелна порака, градејќи препознатлив и автентичен израз. По внимателна селекција, избрани се 80 дела за претставување на современата женска фотографска сцена, која е моќна, искрена и инспиративна. Темата е прослава на еднаквоста, уметноста и истрајноста – велат организаторите.

Loading