Седум децении на Витаминка
Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна во домовите. Вкусот потсетува на детството, на секоја семејна средба, на малите секојдневни моменти што стануваат најдраги спомени. Затоа речиси и да нема семејство што не ја препознава Витаминка како “своја”.
Приказната за Витаминка почна во 1956 година, скромно, со мелен црвен пипер и голема посветеност. Чекор по чекор, изграден е свет на вкусови што денес брои стотици производи и брендови кои се дел од секојдневниот живот од првите детски ужинки со Стоби флипс, преку семејните трпези со Витанез мајонез и препознатливиот кечап, до слатките моменти со Атлантис, Фрути и Деспина и освежувањето со Цевитана.
Во тоа е силата на оваа приказна. Вкусовите не се менуваат, затоа што се докажани, сакани и будат доверба. Витаминка е нишката што ги поврзува генерациите, преку истиот препознатлив вкус.
Освен што е емоција и вкусна за повеќе генерации, Витаминка е највредниот македонски бренд, создаден од македонски знаења и труд. Таа е симбол за квалитет, сигурност и континуитет. По 70 години продолжува напред, со посилна посветеност, со препознатливите вкусови и со јасна визија. Да остане бренд што не се мери само по бројот на производи, туку по местото што го има во животите на луѓето. Бренд што не е само дел од пазарот, туку дел од домот.
![]()

