Пинг-понг
Прилеп сима помалку екипи и спортисти за пофалба. Еден од спортовите што и сега е гордост е пинг-понгот. На стартот од пролетниот дел на Супер лигата на Македонија за мажи, во 10. коло, екипата Младост 96 против Радовиш забележа победа од 4:0. Две партии доби српскиот интернационалец Ѓорѓе Борчиќ, по една младиот крушевчанец Нико Доага и штипјанецот Петар Костовски, повратник од САД. Следниов викенд, во 11. и 12. коло, Младост 96 игра против скопските Вардар и Ѓ. Петров.
Во Крива Паланка, на “Телеком мастерс” за јуниорки до 19 години, пак доминација – прво место за Софија Хасану, второ за Фани Јованоска.
![]()

