Италијанското пристаниште на Јдранот, Трст е дом на околу 230 илјади жители. Можеби не е толку посетуван како туристичките медитерански дестинации, сепак плени. Привлекува многу туристи од целиот свет. Го разгледуваат, се одмораат и се реалаксираат. Поевтин е од соседните градови. Едноставен е, оти е покн со знаменитости што можат да се видат со обично ненапорно пешачење.

Прво патот води до Големиот канал. Тој е симболот на градот. Се наоѓа во центрот. Има два моста Понте Росо и Понте Верде, односно Црвен и Зелен мост. Понто Росо го краси статуата на Џејмс Џојс, ирскиот поет, кој живеел и творел тука. Околу се бројните ресторани, кафулиња, идеални место за релаксација. Тука се наоѓаат Палатата Гопевич од 19 век, градена од угледното српско семејство. Украсена е со 4 скулптури, посветени на цар Лазар, Царицата Милица, на Милош Обилиќ и Косовска девојка. Денес е музеј. Блиску е плоштадот Св. Антони Нуово со истоименета, најголемата католичка црква црква од 19 век во Трст. Блиску е и црквата посветена на Св. Спиридон со извонредна внатрешност, со фрески, слики и 4 позлатени руски икони на иконостасот.

Откако ќе се задоволи љубопшитностот, по тесните улички се стасува на малиот плоштад, на кој доминира скулптура во италијански стил. По главната улица ќе стасува до плоштадот, Обединувањето на Италија. Тој е главен градски плоштад што излегува директно на море. Од три страни е заграден со монументални згради. На плоштадот е Градското собрание од 18 век, фонтаната 4 континенти – Европа, Африка, Азија и Америка, украсена со статуи со реките Дунав, Нил, Ганг и ла Плата. Десно е пешачкиот дел покрај морето. на урбаната опрема се седнува да се капач очите во морскиот шир. До нив се бројните кафетии. Изборот е ваш. Пешки се стигнува до Римскиот амфитеатар – театарот Романо. Тој е е реконструиран. Најубав поглед има од ридот Сан Џусто, со истоимената тврдина и катедрала. Не е тешко искачувањето по скалите до тврдината. При тоа се минува крај римскиот театар и базиликата Св. Силвестер. Недалеку е портата Арко ди Рикардо, градската капија. Таму може нозете да се оморат, оти постои лифт кој оди од подземната гаража до амфитеатарот и и тврдината. Џусто го градиле Хабзбурговците меѓу 15-17 век односно од надвојвода Максимилјан. Тука е катедралата Сан Џусто. Интересно е дека ѕвоното за црквата е излеано од остатоци од оружје, оставени од Наполеоновата војска. На десетина килиметри е дворецот Мирамаре. Кренат е на преубав дел до брегот, заобиколен со голем парк. Посетен е овој дел, оти се нуди преубав поглед на трстенскиот залив.

Така денот резервиран за Трсти минува брзо, а сеќавањата се трајни.
Текст и фото Каролина Мицевска
![]()

