Работнички редукции во Гентерм и Бехтел и Енка?

“Американската компанија Гентерм, лоцирана во Прилеп ќе отпушта работници, поради осовременување на производство”.

Ова го изјави заменик министерот за економија Марјан Ристески. Нема официјална потврда за бројот на вработени што ќе заминат од  компанијата. Неофицијално, ќе се отпуштат околу 400 лица, поради преселување на производството во Мароко и дел ќе се врати во Украина.

Според Ристески, се очекува ударот да го амортизира новиот погон на германската компанија ВИК, која за еден месец ќе го отвори новиот погон за производство.

– Интенција е да привлекуваме домашни и странски инвеститори, да ги зголемуваме инвестициите. ВИК отвори нов погон. Голем дел од работниците кои ќе останат без работа поради новите технолошки процеси во Гентерм, ќе најдат место во новоотворениот погон на ВИК – рече Ристески.

Неофицијално, и Бехтел и Енка ќе отпушта вработени кои работеа на автопатот Прилеп – Битола. Од компанијата нема ниту потврда, ниту демант. Ристески изјави дека Владата не му должи ништо на Бехтел и Енка за да има отпуштања.

– Владата ја следи динамиката на градбата на делницата Прилеп – Битола. Нема застој во плаќањето и нема причина за отпуштање на работници. Ги следиме финансиски според динамиката на работењето. Владата не му должи на Бехтел и Енка – додаде Ристески.

Loading