Фудбал: Втора лига
Секој што не е прилепчанец се чуди ако се спомне публика за да гледа тим (Победа) што претходно доживеал катастрофа од 10:0 (во саботата во Охрид), ама ова е сосема нормално за секој што ја познава ситуацијата. Победа одигра со 14 “деца”, некои со само 16 години. Победа пролетва игра без претходни подготовки. Затоа “децата” треба да се поддржат, да им се честита што настапуваат во најтешкото. Претстојат натпревари и тренинзи, работа. Сега се губи, но ќе дојде време за победи. Се работи стручно, на чело со Кирил Овезоски. Поддршката сега (в сабота од 14.30 ч. дома со Скопје) е најпотребна, најмногу од публиката по пауза од 133 дена, по издржаната казна од ФФМ.
Големо Коњари, по поразот 0:4 од Шкендија А., гостува на Осогово во Кочани.
Табела: Охрид 43, Шкендија А. 42, Скопје 41, Брегалница Ш. 40, Беласица 37, Новаци 36, Детонит 35, Осогово 33, Кожуф 29, Саса и Тетекс по 241, Преспа и Вардар Н. по 12, Победа 11, Слога В. 8, Големо Коњари 4.
![]()

