ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (327) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Крстевци се домаќини н аместо, за завид, како што пречекуваат странски гости како свештенико, порезнико, шумарот исто така се пречекани и василичарите и почестени со жесток пијалок. Децата право кај пампурот го отворија со стапчињата, кршат жарје и гласно викат за денот Суро. Весела куќа со младеж, ора и песни. Крсте со неговата сопруга Стојна Бучиноска од Ношпал седат во ќошот, гледат како нивното внуче од синот Тоде прави цив пиле и вика гласно за дено Суро. Поред сета веселба, децата се вознемирија и меѓу себе створија викотници поради го виделе делачот на дневниот василичиниот подарок Јолески Благоја излегол надвор со полна тепсија колбаси. Сите деца во ред се стрчаа према надворешната врата за да си добијат следовање, колбавче. Благоја делачо застана на чардакот и почна д аги подарува василичарите со по едно колбавче. Тие кои добиват колбавче заминуват во соседната куќа кај Петрески Алексо Бабјак. Мајка му на Крсте, Анѓа Ристева се стари деленички со Јолевци – Јоновци – Куреловци, Крушковци. Тодоровци под заедничко презиме – прекар Пумевци. Пумески Степан се одселил во Прилеп, Здрав еотишол домазет во Мојно, додека Ристе (1840 – 1920) останал при ќерка си Анѓа доживотно кај Таневци во Марул.

Василичарите кај Петрески Алексо Бабјак пречекани весело поради си самиотр Алексо со детето Богоја се василичари. Гостите василичарите почестени со пијалок, децата направија цив пиле во пампурот, музичариет направија песна. Се појави и делачот на василичиниот подарок – колбасите, Котески Ќиро, роднина на Алексојца Колеска Чурлиноска од с. Лопатица, прилепско. Коте Чурлин дојден домазет н аместо умрениот Коте Дамјаноски како очув на Божин Котески, на татко му на Ќиро не крвна роднина, туку пожитувањето е важно. Ќиро застана на чардачето, децата во ред првин земат колбавче и влеват во братовата врата кај Ванчо Бабјка. Како кај брато Алексо исто така василичарите пречекани весело и почестени со жесток пијалок. Малите деца заедно со неговото Љубе го отворија пампурот, прават цив пиле и гласно викат за дневната слава Суро.

Возрасниет василичари ја отпочна славата со песни и ора. Ванчо го гледа тапанот и се смее, никогаш не ми доваѓаше да мојот шиник ќе постани извршител на музика вон ашето село. Еснафите ги натера свирачиет да му отсвират едно оро во чест на тапанот и тоа го направија со смеа. Ванчо изигра едно ситно оро.

Децата се осетливи и свика,, чичко Благоја Јолески излезе со тепсијата навор, ајдете во ред да земаме колбаси и се стрча. Благоја поткачен на каменовото летно одморалиште, им дели колбаси на децата, по нив возрасните василичари зем аколбавче и заминува во соседната куќа кај Танески Тане Стојаноски – Ристески. Делачот Благоја и Весела Ванчојца се први брачеди од две сестри од родот Јанкоски.

Василичарите возрасни и млади кај Тане пречекани домаќински, весело и почестени со жесток пијалок. Недостасува син му Сребре кој е на отслужување на воениот рок од пред една година со повеќе негови врсници, брачет му Ќиро Крсте Ббајак, Мурџески Петре и Тошески Љубе. Малите деца буричкат во пампурот, прават цив пиле од жарјето и весело извикуват за славата Суро. Тане седи во ќошот, весело ги гледа децата и вели, ова е нашата верска култура и треба да продолжи. Се виорат ора и песниод страната н авасиличарите поддржани со музиката. Меѓу ораџиите фатени и девојчињата, Таневите ќерки 23 годишната Горица и 18 годишната Алтана.

Децата го видоја делачот на подарокот василичарски, Танески Богоја со тепсијата полна со колбаси и се стрча во ред по него. Богојаизлезе4 надвор на жардакот, почна од децата да дели колбаси, возрасниет по нив со ред добива колбаси и заминува преку река кај Крлешката за во Јужното маало Трета бригада кај Танески Недан. Со тоа заврши шетањето во Западното маало Прва бригада.

Од кај Тане Танески до Недан танески има најм,алце од петстотини метри. Децата замина кај Недановци, направија цив пиле во пампуро со викање за суро. Додека возрасните василичари поднапиени загреани по пат со ора и песни дојдоја кај Недановци. Тука ги најдоја зетовите Ило, момчето на Петра Делоска од Прилепец и Крсте, момчето на Петкана од Ерековци. Василичарите почестени со жесток пијалок. Веселбата продолжи со песни и ора, се замеша и неданоските девојчиња во веселбата, 23 годишната Милица дарбосана играорга ораџица, 21 годишната Драгица и 18 годишната Нада меѓу ораџите. Со тепсијата в раце, делачот Танески Тоде излезе до надворешната врата на куќата, децата во ред по него зематклбавче и заминуват во соседната Танеска куќа кај Ордан Танески.

Василичарите од кај Недановци за кај Ордановци влегуват весели со песни. Од домаќините убаво пречекани и почестени со жесток пијалок. Во ќошот на гостинската трпеза седат домаќино Ордан и момчето за ќерка му Васко Димитрија Уткоски од Шелеверци. Децата кај пампурот тепа жарје со стапчињата, лета искри ив о смеја викат Суро.

Возрасните василичари поддржани од свирачите нацко, Симон и Петре менуват ора и песни. Богданоски Драган, делачот на василичиниот подарок, роднина со домаќинката Траенка Орданица по нејзиниот татко Митре Кулев и по Драгановата мајка КопринаКулева од Крушевица излезе со тепсијата полна колбаси, застана на чардакот. Децата во ред по него како земат колбавче и заминуват возрасните по нив кај Трајан Танески.

Продолжува    

Loading