Пензионерките го славеа Денот на жената

Околу 200 пензионерки, на свој посебен начин, со музика, се дружеа во централниот клуб по повод Денот на жената, Осми март. Ги поздрави претседателката на активот, Снежана Димеска, истакнувајќи го историското значење на женскиот празник, па и за пензионерките. Таа им подари по еден каранфил, честитајќи им го Денот. И претседателот на Здружението, Славко Трајкоски, им изрази поддршка за прославата, оти колешките од другите места не се организираат по прилепскиот пример .

– Женскиот дел од членството е составен дел на сите органи на пензионерското здружение. Застапени се со 18 делегати во собранието – кажа Трајкоски.

Пензионерките празнуваа во Точила, “Гоце Делчев” и Тризла, а Рид во ресторан.

Ќе пеат, ќе шeтаат… 

Претседателите на разграноците и Извршниот одбор на здруженито на пензионерите ги прифатија програмите на комисиите за годинава и позитивно ги оценија ланските ангажмани со нагласок на домаќинското трошење членарина.

За годинава се дефинираа екскурзии во Македонија и надвор, како за Србија и Албанија, со субвенција за сите разграноци. Договорени се пикниците со над 400 пензионери. Продолжува грижата за луѓето од “третото доба” со ниски примања да добијат ваучери за набавка на прехранбени производи за Велигден .

Прилеп ќе биде домаќин на средбата со колегите од Крушево, Битола, Демир Хисар и Ресен за манифестацијата со песни, музика и ора во Прилеп на 16 априлсо учество на музички групи со по три исполненија. Ќе се организира и музичката ревијата на пензинери со дефиле низ центарот.

Договорена е учество на традиционалната музичка сепензионерска средба во Скопје.

Loading