Наградени најдобрите творби за  Осми март

Клубот на литературни творци успешно го реализираше традиционалниот конкурс за најдобра лична творба “Осми март 2026” за учениците од основните училишта, поттикнувајќи ја креативноста на младите таленти.

– Менторите несебично го развиваат творечкиот потенцијал кај младите. На најуспешните ученици со лични творби, им доделивме пригодни награди – вели Андриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци.

Првите награди по училишта беа доделени на Ивана Проданоска 9 одд. од ОУ “Кире Гаврилоски”, Марија Анѓелкоска од ОУ “Климент Охридски”, Ана Анѓелкоска 5.одд., од ОУ “Климент Охридски” Мажучиште,  Дрина Јакелиќ, 9. одд, од ОУ “Рампо Левката”, Ана Марија Шашеска, 8.одд, од ОУ “Блаже Конески”, Ива Јосифоска од 9. одд. од ОУ “Гоце Делчев”, Милена Богоеска, 6. одд од ОУ од Тополчани, Сабрија Мамудоска, 8. одд,од ОУ “Добре Јованоски”  и Давид Долгоски, 7. одд од ОУ “Кочо Рацин”.                                                                               

Loading