Легално ќе можат да се ангажираат пензионери, студенти и ученици во угостителството, земјоделството и услужните дејности во домаќинството. Ќе може да се вработуваат и социјали случаи без да го загубат својот статус. Се очекува одѕив на околу 20.000 лица.
Ова е суштината на Закон за работно ангажирање.
Нема стравување дека ќе се изгубат стипендиите, социјалните надоместоци или пензите со дополнителниот ангажман.
– Пријавувањето е лесно, од дома, од нива, од кафетеријата, на час или ден. Се плаќа минимално да се овозможи заштита и социјално осигурување, како за повреда на работното место – рече Марија Ристеска, директорка на Центарот за извршување и креирање на политики.
Законот претендира работодавачите да најдат поефтина работна рака, а социјалците и пензионерите лесно легално работно ангажирање, со што ќе се редуцира работата на црно.
![]()

