ГАЈДАТА Е ГОРДОСТ

Свирењето и изработката на македонската гајда од 2024 е на листата на УНЕСКО како заштитено нематеријално културно наследство, а 10 март е меѓународен ден на гајдата.

Овој народен инструмент за Прилеп претставува историја, традиција и гордост. До 80-тите години од минатиот век Прилеп бил градот на најдобрите мајстори за гајди. Од цела Македонија доаѓале инструменталисти да купат гајди.

Љубен Јуртоски е последниот мајстор за гајди. Иако нема дуќан за изработка и продажба, во прилепската чаршија уште се говори името на кернето каде биле некогашните мајстори, Кај гајдите. 

– Прилеп и денес ја чува и негува гајдата. Го имаме Фестивалот за народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”. Манифестацијата е репрезент на гајдата во Долнени, Прилеп и цела Македонија. Радоста е поголема што овој инструмент го одржуваат со совладување на вештините и пренесување на помладите спонтано повеќемина ентузијасти, макар што во основното музичко училиште постои група за традиционални народни инструменти. Затоа звукот што излегува од гајдата е “жив”, буди носталгија и често е спектакл на свадби, прослави, собири, па и во културно уметничките друштва. Двете активни друштва што го негуваат фолклорот, КУД “Мирче Ацев” и КУД “Моминок” со членовите музицираат на гајда и се слуша и на проби и на концерти. Гајдата е реликвијата низ вековите. Се чувала за арно и лошо. Била амајлија на повеќе семејства. Се искажувале и тагата и радоста и секојдневното живеење. Таа асоцира припадност кон заедницата и националното богатство и наследство што треба да се чува – вели м-р Горан Василески, фолклорист.

Loading