АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Со војничка чизма не се чекори кон демократија.

*

Ако нема на кого да се угледаш можеш да почнеш да доживуваш само порази.

*

Избегавај го злото и со тоа веќе чиниш нешто добро.

*

Додека еден чека златна рипка,друг веќе фати крап.

*

Лошо е ако во бавчата имаш кртови,па уште и корумпирани.

*

Пред вештачката интелигенција се појавија вештачките интелектуалци.

*

Текстот наідобро го разбираат оние кои умеат да читаат и меґу редовите.

Д-р Хаџи-Васков

Loading