Венеција е преполна со атракции кои барем еднаш во животот треба да се видат. Население од близната почнало да се повлекува на малите 118 острови со канали, криејќи се од атаците на Варварите. Се создал градот со тесни улички и со убава архитектура. Првин се населил Торчело, па Лидо ди Јесоло и Маломоко. Откако сфатиле дека ќе се задржат подолго, размислувале како да изградат простор за живеење. Поставувале столбови од дрво во морето за платформи. И врз нив граделе куќи и палати. Морската сол придонела да се “скаменат” столбовите и до ден денес да останат функционални.

Се смета дека зборот чао се создал токму во Венеција, во градот во кој се родил Марко Поло.
Има што да се види во Венеција. Милина е прошетката низ тесните улички. Уште повеќе предзвикува восхит пловењето по каналите со гондола. Кеф е човек да се загуби низ романтичниот и убав град, кој плени со својата архитектура.

Најпосетен е плоштадот Св. Марко. Тој е најпопуларно место, познат уште како Пјаца Сен Марко. Се распослал на 90 цм. над нивото на морето. Кренат е на 100.000 столбови. Заштитен знак на плоштадот е кулата Торе дел Оролоџио со ѕвоното и базиликата Св. Марко. Таа е монумент и симбол не само во Венеција, туку на Италија. Внатрешноста е исполнета со чудни примери на византиската уметност која остава без здив. Грев е да не се доживее дарбата на познатите уметници. Се плаќа за влез во музејот со мозаици и за прошетката по терасата со поглед на градот. На плоштадот е и кнежевскиот дворец, односно Дуждевата палата од 14 век. Била службено седиште на млетаската држава. Некогаш била политичко и правосудно седиште. Денес е музеј со непроценото богатство од уметнички предмети. Низ неа се открива историјата на градот и се уживате во уредените сали со посебен стил, фрески и уметнички дела.

Во близна е Мостот на воздишките, граден од камен од Истра. Тој е еден од 400 мостови низ Венеција. Според легендите, името го добил од воздушките на вљубените или пак од воздишките на затворениците кои робувале во ќелиите под мостот, фрлајќи последни погледи на слбодата.

Да се доживее градот во полна светлина, нужна е прошетка со гондола по каналите. Најпознат е Големиот канал, на кој најчесто се одвива водниот сообраќај. Долг е 3,8 километри. Едната и другата страна се поврзани со четири мостови. Најпознат е Риалто од 1588 година. Од спротива на плоштадот Св. Марко е црквата Св. Марија.
Привлекува внимание уникатната библиотека Алта. Таа е и книжарница. Книгите и други необични предмети се чуваат во гондоли. Содржина се илјадници книги од класиката, од италијанската литература, љубовни романи, детски книги и сувенири. И еврејскиот дел, Канареџио, е местото каде се создало првото гето во градот. Богат со експонати е археолошкиот музеј, музејот Навале, музејот Корер… Поради повеќевековната традиција на маскембали, штета ее да не се купи маска за сувенир.
Венеција е град – историја. Полн е со маркети, продавници, ресторани… Пица или паста, изборот е ваш.
Текст и фото: Каролина Мицевска
![]()

