Се подготвува прем “Саатот”

На сцената 105  од театарот се поставува текстот “Саатот” од Лидија Митоска – Ѓорѓиевска, во режија на Кристина Димитрова.  станува збор за интимна трагикомедија со апсурдни и постмодерни драматуршки елементи.

– Двајца актери ќе ги играат Вера и Јован, плус уште еден актер/музичар ќе го игра персонифицираниот ѕиден часовник. Улогата на часовникот ќе биде да покаже повеќе аспекти од животот на новото време. Но, што е време? Времето е она што часовниците го мерат, рекол еднаш Ајнштајн. Информациите за времето го кажуваат времетраењето на настаните, и кога тие се случуваат, или кои настани се случуваат пред кои други. Времето игра многу значајна улога во структурата на универзумот, вклучувајќи ја и структурата на нашиот личен живот. Сепак, има многу нерешени прашања, и филозофски и научни. Ќе пробаме да навлеземе во таа суштина на времето, преку ритамот на СААТОТ. Дали времето е музиката на животот? Јован е маж на Вера, како што го опишува писателката Митоска. Ведар, опуштен и исполнет човек кој наоѓа задоволство во малите нешта. Вера, од друга страна, ниту може да дејствува и да ја промени својата состојба во општеството што се распаѓа, ниту може да се помири и да најде спокојство во својот мирен, “нормален” живот. Распаѓањето на општеството го симболизира распаѓањето на животот… Сопругот и сопругата имаат различно психолошко време во себе. Во нив се наоѓа различен часовник што свири различна музика, иако Вера живее со партнерот во разбирање и љубов. Но, се случува дека ништо не се менува, а кога нема промени, времето не ја гледа и чувствува. Вера се чувствува заглавена во секојдневните рутини. Секој ден í е ист, гледајќи како животот í минува без вистински да го живее. Постојано го убедува да заминат и да почнат нов живот, но за Јован тоа е неприфатливо. Саатот го следи секој нејзин чекор и буквално í ги брои секундите, поточно, í ги одбројува. Часовникот чука во неа. Вера и Јован живеат во различно време, во различно темпо. Нивните души не можат да се пронајдат во субјективното гледање на животот. Пиесата обработува бројни социјални и филозофски теми низ лесен дијалог и едноставно дејство. Почнува во јавето, а завршува некаде меѓу јавето и сонот. Репликите се кратки и напишани на едноставен, разговорен јазик. Ќе се почувствува осаменоста, времето, двете души во времето и ќе пробаме да го слушнеме нивниот ритам. Секако и темата распад на душата и распад на општеството ќе игра клучна улога во концептот и идејата на самата претстава – вели режисерката Димитрова.

Ќе играат Димитар Ѓеорѓиевски, Наташа Ачански и Филип Јездиќ. 

Loading