Ретроспективна изложба на Ита ТС Арт

Ретроспективна изложба со 30 слики од уметницата Ита ТС Арт ќе биде отворена на 11 мартод 19 часот во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” со што уметницата ќе одбележи 35 години творештво.

– Сликите се со различни  мотиви од повеќе периоди во акрил на платно и на картон. Среќна сум што одбележувам јубилеј во родниот град – вели уметницата.

Ита ТС Арт живее и твори во САД. Реализирала изложби во Македонија, во САД и низ Европа.

Loading