Победа в сабота, Г. Коњари в недела

Фудбал: Втора лига

Второлигашкиот фудбал е планиран за секоја сабота, но пролетва има измена, а причина е Големо Коњари. Овој тим побара како домаќин да игра во недела, оти во сабота публиката и дел од играчите отсуствуваат поради работни обврски. Во второто пролетно коло не беше можно да се игра во недела, туку во сабота (Г. Коњари – Слога В. 2:2) за да има три дена пауза до следното коло во вторникот, иако дури во средата се одигра Беласица – Г. Коњари (4:0). Но в недела (14 ч.) ќе се игра следниот меч дома, Г. Коњари – Шкендија А.

Што се однесува до Победа, во саботата со 2:0 загуби од Саса во Каменица, во вторникот со 1:5 дома од Преспа, а в сабота гостува кај Охрид.

Табела: Охрид 40, Шкендија А. 39, Скопје 38, Брегалница Ш. 37, Новаци 36, Детонит 35, Беласица 34, Осогово 33, Кожуф 26, Саса и Тетекс по 21, Преспа и Вардар Н. по 12, Победа 11, Слога В. 8, Големо Коњари 4.

Loading