ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (326) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Сестри ми, Трајана и Анѓа беа товарени на магаре за да заминиме во Прилеп, ситуацијата се посмири, останаме дома во Марул. Тоа беше истото магаре со браќа ми Петре, Аце и јас го вардеме дење ноќе од бугарските гагаузи кои сакаа да ни го украдат за да го заколат за месо. Кога дојдоа поново се пуштија поселата да собира волна и сапун, па си реков, овие дојдоја со истиот нивни занает како и порано во првата војна. Музиката свири, се пеат песни, ора се водат, Ванѓел и неговата ќерка, 16 годишната Пеша фатени на оро. Децата си е терат работата, во пампурот прават цив пиле и викат за славата суро.

Делач на подарокот василичарски е полјакот Јолески Благоја викан Јолко. Со тепсијата в раце застанат на чардако како што излегуват василичарите добиват колбавче и заминуват во соседната бабјакоска куќа кај Петре Бабјак. 

Василичарите кај Петре Бабјак примени весело, почестени со жесток пијалок. Навоѓат василичарите гости, зетовите Ќиро Зенго, момчето на ќерката Весела од с. Ношпал и момчето на Зора, Цане Минчески од битолско Алинци од порано познати кај Марулци, сип уштија рака за поздрав и познанство. Децата си е тера својата работа кај пампуро, прават цив пиле и викање за суро. Петре домаќин седи со зетовите на гостинската трпеза, развеселен.

Само што започна да свири музиката, стана Петре од масата, ги собу чевлите, ја извади крпата од колко, го поведе орото, зетовите до него, се прошири орото. Петре лазарка клекни, заврти се, заврти со крпата, шамивчето, уметничко играње, ги повлече сите василичари на орото. Се направија повеќе ора и песни.

Се покажа со тепцијата в раце делачот на василичиниот подарок односно колбаси Ванчо Бабјак излезе надвор на каменовото почивалиште, како што излегуват василичарите, си добиват колбавче, заминуват кај Коле Бошески. Синот Димитрија Бабјак заврши со шетањето поради зетовите гости. Неговото дете Пеце и Арсе од Јованче Мурџески му ги предаде на Коста Мурџески, брат на Арсе. Петре и Ванчо Бабјаците се браќа.

Бошевци домаќини моментално живеат три бракови во една заедница. Бошевци се сложни домаќини, па и за василичарите весело пречекани и почестени со жесток пијалок, вина и топла ракија. Малите василичари прават цив пиле, викат за славата за денот Суро. Некој пржат колбаси во пампурот. Музиката свири, играорците вртат оро. Старите Коле и жената му Мара, седат во ќошот и си гледат веселба. Покрај веселбата се појави и делачаот на подарокот василичин Танески Богоја, истиот делач како и булината за Коледе, внук од брат на Мара. Богоја со тепсијата в раце застана на надворешната врата. Василичарите излегуват, добиват колбавче и заминуват во соседната куќа од Бошески Борис Протуѓерот.

Кај Протуѓерот примени весело василичарите и нивното дете Панде. Гостинската трпеза натоварена со повеќе артикли за јадење, тука се момчињата на ќерките, на Горица е Васил Здравески од с. Штавица, на Ружа њ Благоја Неданоски од с. Штавица. Делоски, момчето на Ратка односно Микало Талески Аспрата од с. Подмол познат кај марулци од порано.

Весела куќа, музиката активна со ора и песни, зетовите Боризови сите фатени на орото, весели. Децата кај пампурот е прават својата традиционална веселба со правење цив пиле и викање за суро, некој пржат колбаси, ама и мислат за делачо. Делачот навистина се појави, тој е Алексо Бабјак, зет за внуката Трајана од сестра на Борис, родена Чурлиноска – Колеска во с. Лопатица, приелпско. Алексо излезе со тепсијата надвор на каменовото почивалиште, како идат василичарите, така ги послужува и заминуват во соседната куќа кај Чоневци. Ванчо Бабјак како Ванчо вели, јас мислев да Борис нема колбаси, за зетовитѕе, а не и за василичарите. Илзезе обратно, за таа негова изрека се створи голема смеа меѓу сите василичари одејќи према комшивската куќа од Чоневци.

Се знае кај се Чоневци, сите гости кои се посетители на нивната куќа без разлика какви гости и да се, се дочекани и испратени домаќински, пак и овие гости, марулските василичари беа пречекани весело со голема радост. Нивното момче Симон е свирач во друштвото од Нацко и Петре Мурџески. Возрасните василичари почестени со жесток пијалок. Децата со стапчињата кршат жарје во пампурот, лета искри, се слуша голема дечка смеа и грлес глас за суро.

Се редат песни и ора, меѓу ораџите е фатена домаќинката Атанасица Илинка. Гордост, свири нејзиното дете, Симон.

Колески Благоја – Бале е делач на василичиниот поклон. Благоја со тепсијата в раце, полна со колбаси излезе на надворешната врата, а децата во ред по него, кој како што излегуват, добиват колбавче и заминуват во комшивската куќа кај Танески Блаже. Крстејца Колеска Митра, маштеа на татко му Ќире и мајка му на домаќино Атанас, се сестри Мамалигоски по потекло од Мојно. Василичарите со ора и песни влегуват кај Блажевци од домаќините весело пречекани и почесдтени со жесток пијалок, топла ракија и црвено вино. Децата сите во група прават цив пиле кај пампуро и викат гласно за славата за денот Суро.

Веселбата на возрасните василичари и дома развеселени, се редат песни и ора. Домашните девојчиња Стева, Коца, Грозда, Добрица фатени на орате заедно со василичарите како да се на средселото. Блаже со неговата жена Трајана Тантушоска од Бонче седат во ќошот, ги следат децата каде прват цив пиле и викат суро, се потсмеват.

Делачот на василуичиниот подарок е Димоски Драган Богданоски, домазет од Бонче кај Богдановци – Јанковци, стари деленици Димовци и Тантушовци, па доби прилика да биди делач кај Блажевци. Се слушна еден глас од Блаже пред четириесет години, ние децата така ги славеме Коледе и Суро.

Драган со тепсијата полна колбаси, излезе во тремот, децата по него во ред добиват колбавче и заминуват во сос оедната куќа кај Танески Крсте.  

Продолжува    

Loading