Ракомет жени
Ако некој очекува крај на долгата ракометна кариера на Мери Гичева, мора уште да чека, да се изначека. Иако има 41 година, в лето ќе наполне 42, се уште изгледа и игра како да има двојно помалку. На последниот меч со најсилната екипа во Првата лига, Атлетик од Скопје, во дресот на прилепска Деспина постигна најмногу голови – 12. Додека не се појави некоја подобра и во одбрана и во напад, дотогаш нема причина за завршување на долгата играчка кариера на ракометарката којашто може да биде и во улога на тренер, со совети кон помладите.
Во минатото коло Деспина дома загуби со 27:32 од Атлетик, а на 14 март гостува кај Јехона во Гостивар.
Табела: Атлетик 26, МРК Ѓ. Петров и Овче Поле СУ 18, Деспина и Стружанка 14, Јехона 6, Шампион 0.
![]()

