Сведочење на прилепчанецот Христијан Тодороски за состојбата во Дубаи
По американско – израелскита воздушни напади врз Иран, состојбата во Перискиот залив стана центар на светското внимание. Возвратните удари од 28 февруари, што ги презеде Иран и лансирањето ракети и дронови кон Обединетите арапски емирати и останатите заливски земји, се рефлектираа врз регионот. Дел од проектилите паднаа в море. Остатоци од пресретнатите проектили предизвикаа одредена материјална штета, врз објекти во Дубаи и ги вознемирија жителите меѓу кои има и доста наши.

Прилепчанецот Христијан Тодороски (33) кој веќе пет години живее и работи во Дубаи, вели дека се чувствува безбедно како и досега и дека животот се одвива нормално.
– На денот на нападот, бев во ресторанот и имавме настан со учество на 4 руски ѕвезди. Имаше многу гости и видеата наеднаш се проширија дека Дубаи е нападнат. Во Даун Таун, доа е центарот, имаше паника. Сите се прашуваа кој кого напаѓа. Но, бев смирен, бидејќи имам познавања како функционира системот во државата. Бурч Калифа, највисоката зграда во светот, ја евакуираа – вели Христијан Тодороски.

Раскажува дека по првичните изненадувачки реакции, животот се одвива вообичаено. Неинформираноста е клучна за лажни вести.
– Состојбата не е така страшна како што се прикажува на некои медиуми, Се раскажува како пропаганда, како распинан телефон, на еден збор следниот додава два-три, и се измислува. Животот се одвива нормално, плажите се посетени, атрактивните фонтани се во функција и се посетени. За мене Дубаи отсекогаш било најбезбедното место на светот. У ште е така – вели Тодороски.

Активностите во воената зона и затворените аеродроми, го намалиле приливот на нови туристите, а оние кои биле затекнати добиле бесплатен продолжен престој. Тој се чувствува безбедно. Имаат доверба во институциите и системот за заштита. Смета дека најдоцна до 7 март, односно 10 март, ќе се отвори небото за летови. Не очекува посериозни напади.
Животот продолжува, градот живее 24 часа. Хотелите, моловите, рестораните и шеталиштата се отворении. На плажите, посетителите уживаат под палмите во убавините и топлото време.
– Дубаи е скап за живот. Ме прашуваат нашинците дека сакаат да дојдат, видат, поработат и да заминат. Признавам дека секој почеток е тежок, но доколку си посветен, има успех. Мојата цел сметам дека ја остварив – вели Тодороски.
Христијан Тодороски во Дубаи живее веќе пет години. Пристигнал со туристичка виза и останал да работи. Првото работно место му било на 123 кат во ресторанот на покривот во Бурч Калифа. Сега е менаџер за обезбедување на артист и уметници за забава во ресторанот Опера во центарот. Задоволен е од работата и планира да остане.
![]()

