Десет медали за Прилеп

Пинг-понг

Петтиот меѓународен турнир “Илија Карески – Каре”, на ППК Младост 96 и Пингпонгарската федерација, поддржан од Општина Прилеп, со присуство на градоначалникот Дејан Проданоски, два дена ја исполни со возбудувања салата на ОУ “Добре Јованоски”. Меѓу освојувачите на медали (10) се и прилепските претставници. Два се од 66-годишниот Зоран Јованоски (Младост) – злато кај ветераните над 64 години, сребро кај ветераните од 50 до 64, а по еден освоија: Златко Рикалоски (Младост 96) – бронза кај ветераните од 40 до 49, Спире Спиркоски (Прилеп) – бронза кај ветераните над 64, Нико Доага (Младост 96) – бронза кај сениорите, Давид Јоноски (Младост 96) – бронза кај младинците до 19, Андреа Гаралоска (Младост) – бронза кај младинките до 15, Трајче Маркоски (Младост 96, Прилеп) сребро, Огнен Илиески (Младост 96, Прилеп) и Мартин Ристески (Полиоспорт, Прилеп) бронзи, кај младинците до 15.

Во најтешката категорија – сениорите златото е за 41-годишниот Филип Младеновски од Штип.

Loading