За секоја ѕверка – соодветна мерка.
*
Кога парите ќе ги заслепат луѓето тогаш е слепо и целото општество.
*
Ставеното под тепих може да се запали и од таван.
*
Само криминалот цвета во секое годишно доба.
*
Со перењето настанува и трулеж на мозокот.
*
Некому треба ресет, некому рестарт, а некому дури и ренесанса.
*
Со туѓи очи гледаш туѓ свет.
Д-р Хаџи-Васков
![]()

