Ин мемориам
На 87 години почина славниот фудбалер Томе Јакимовски – Гец. Лево крило меѓу најдобрите во историјата на Победа. Од 1956 до 1960 и од 1963 до 1968 е голгетер. На 463 меча постигна 239 гола. Припаѓа на славната генерација 1959 година, која првпат успеа да влезе во Втората лига на Југославија. Негово дело е последниот, победоносен гол, во Приштина. Има настап и за Б-репрезентацијата на Југославија. Неколку сезони одиграл за скопски Вардар.
Роден е на 17 мај 1938 година во Росоки, Тетовско.
![]()

