Ракомет
Основниот дел од Супер лигата на Македонија за мажи заврши со 22 коло, во кое Прилеп дома со 38:16 го совлада последниот Радовиш, а в сабота пак игра со истиот ривал, но на гости, во Радовиш. Така е затоа што почнува плејаут-фазата, со група од шест тима, каде што Прилеп е на второто место со 20 бода, под битолскиот Еурофарм Пелистер 2 со 21 бод. Претстојат дуели “секој со секого”.
Табела: Еурофарм Пелистер 2 21, Прилеп 20, Пролет 13, Куманово и Струга по 7, Радовиш 0.
Женската Деспина со 7:33 го совлада Шампион во Скопје, а викендов дома го чека скопски Атлетик, во 16. коло од Првата лига. Табела: Атлетик 24, МРК Ѓорче Петров и Овче Поле СУ по 18, Деспина 14, Стружанка 12, Јехона 4 и Шампион 0.
![]()

