Победа игра!

Фудбал: Втора лига

И покрај најавите дека сениорскиот тим од Победа нема да го игра пролетниот дел на Втората лига, поради финансиски проблеми, се случи чудо! На теренот од Градскиот стадион “Гоце Делчев” против Новаци одигра екипа составена од младинци и кадети, петмина на возраст по 16 години. Резултатот е тежок (0:5), но во овој случај вреди самото појавување. Во саботата на раполагање беа 15 фудбалери, а за в сабота со Саса во Каменица се придодаваат уште седуммина, така што на располагање се 22. Тренер е Кирил Овезоски.

Тимот на Големо Коњари по поразот со 6:0 од Детонит во Радовиш, дома игра со Слога В.

Табела: Охрид 39, Шкендија А. 38, Брегалница Ш. 33, Скопје 32, Беласица 31, Новаци 30, Детонит 29, Осогово 27, Кожуф 25, Тетекс 20, Саса 17, Вардар Н. 12, Победа 11, Преспа 9, Слога В. 7, Г. Коњари 3.

Loading