ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (325) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Музиката активно трешти од страна на свирачите Нацко, Симон, Петре, весело е во куќата Ќирева, се слушаат песни и се вијорат ора. Ќиревите деца Благоја, Дуна и  Љуба фатени на оро меѓу василичарите развеселени со ората и песните. Бошески Трајче го повика Благоја за да биди делач на василичиниот подарок, колбасите. Благоја и Трајче се врсници, од деца се заедно и на тоа Бошевци и Колевци се деленици. Спасени од турскиот башибозук од запаленото село Клекоперци кое се навоѓа над прилепското Алинци во 1664/65 година, дошле во Марул, за време на мариовската буна. Трајче со тепсијата в раце излезе на чардакот надвор, децата по него почна да дели, тие кои добиват колбавче заминуват во соседната куќа кај Павлевци Горните Ванчовци.

Василичарите кај Горните Павлевци Ванчовци или Петревци се едно, примени и пречекани од домаќините. Ванчо и син му Аце в раце со жесток напиток. Со малите деца не беше нешто во ред од страв. Ванчовите два загари облечени ов волнени елеци лежат под пампурот испружени. Децата само што ќе појдат до пампурот за да вадат жарје за цив пиле да прават, загарите чинеја подкрени ја главата, наоштрени во сурато, излгедот. Децата поврати се, од страв. Возрасните насобрани не реагира, се кикотат од смеа.

Дојде Ванчо, ги тргна загарите од под пампурот во другата соба и така децата се ослободија од стравот од загарите. Пампурот го отворија, направија цив пиле, провика за денот суро, со тоа е завршија нивната традиција за Василица кај Ванчовци. Со возрасните василичари беше поинаку, развеселени од пијачката и музиката се редат песни и ора, весела е куќата.

Јолески Благоја, другар на Аце од детството излезе со тепсијата в раце, децата в ред по него застана. Благоја на чардакот започна со делење колбаси. Како што добиват колбавче, така заминуват василичарите кај Долните Павлевци Јоновци.

Василичарите кај Павлевци Јоновци весело пречекани како и секогаш дотогаш и почестени со жесток пијалок. Малите деца си прават цив пиле, викат суро и се веселат куќата. Музиката активна од страна на свирачите Нацко, Симон и Петре. Се редат песни и ора, меѓу ораџите се фатени двете девојчиња Горица и Менка додека двете девојчиња од ланската година Спасија и Верка се омажија 1959 година. И тоа, Верка на денот Велигден за Јанкоски Трајче, додека Спасија есента за Бошески Трајче, и двете во Марул.

Малите деца зближени, здружени во нивни разговор почна да ги бројат дотогаш собраните колбаси нанижани на нивните теловни ражени. Домаќините Јованче и Игне се со гостите. Се појави и делачот на василичиниот подарок Алексо Бабјак, брат на Анѓа Јованчејца, со плетена дрвена табла, застана на чардакот и дели колбаси, прво децата во ред. Секој кој добива колбавче и заминува кај Мурџески Јованче на брего. Додека зетовите Бошески Трајче и Јанкоски Трајче не продолжија да шета и понатака. Остана кај Павлевци за да гостинуват за прв пат како зетови, Бошески Трајче дотогаш водачот на трите деца Миле, Панде, Стојан му ги пропушти на внукот Бошески Драган.

Се појави и делачо на василичиниот подарок, колбасите Алексо Бабјак брат роден на Јованчејца Анѓа со една тепсија бронзена излезе надвор на чардакот, децата свика, ајдете чичко Алексо ќе дели колбаси. Застана сите во ред, кој излегува добива колбавче нанижано на раженот и заминуват за по чајриот за кај Мурџески Јованче. Децата одејќи по пат, ги бројат нанижаните колбаси.

Василичарите кај Митрески Јованче пречекани весело со добро дојдовте во нашава куќа домаќинката Јованчејца, интелигентна жена, не паѓа подолу. Куќата се развесели со детскиот џагор кај пампурот со цивпилето и викање за суро. Музиката ечи, се пеат песни и вијорат ора меѓу ораџиите, стана и зето, момчето на ќерката Марија, Вишиноски Пецо од прилепско Алинци. Делач на подарокот василичин беше Колески Благоја, другар на Богоја, син на домаќините. Гостите, василичарите, децата Бале застанат на чардакот и на секој кој излегува му подаруват по едно парче колбавче со тоа василичарите заминуват во комшивската куќа кај Ванѓел Бабјак. Многу беше интересен разговорот на малите деца, здружени во група, одат ги бројат колбасите на ражените и планира да пржат колбаси во наредните куќи.

Расказ од Ванѓел Бабјак

Во една летна ноќ во 1917 година за време на Првата светска војна, нашето магаре рикна, мајка ми Јованка Мелезоска од Штавица му вели на татко ми, Велјане нашето магаре рикна, ама како во дворо да не го заборавија децата да го затворат в пондила. Не, бре жено, доби таа негов одговор. Магарето, пак рикна. Татко стана, излезе и зачека тројца бугарски војници од расата, племето гагаузи кои јадат чавки, страчки,гаврани, утки, ежови, желки итн. Го извадиле магарето од пондилата за да го украдат и заколат.

Татко упорен не го дава магарето. Нарипаме ние, мајка ни Јованка, Петре, Аце, Ванѓел, Трајана, нивните деца, се фатиме за магарето упорни, не го даваме. Тие велат, магарето треба да оди на вежба за на првата фронтовска линија за на јуриш.

Татко му вели, магарево место на фронтовска линија смешна лага, ќе оди во казано од брнката во тремот Стеваноски. Тие видоја да сме упорни, е сменаа политиката, место магарето требало да земеме коњ, немале коњ и така заминаа празни. Ние децата Петре, Аце и Ванѓел го чуваме магарето како очите додека бугарската војска не замина од нашиот крај. И нивното идење, исти карактер, со кражби. Акнаа по селата, собира волна за да се облечат, сапун за да се измијат и исперат. Од учителот Манчев со Прочката во Подмол му растеја рогови тепани поради зборувале на непознат јазик. Тоа е вистината, да не сме исти, рече Ванѓел. Тие имаат азиатиско знаме, ние имаме македонско. 

Василичарите кај Ванѓел Бабјак примени весело домаќински и почестени со жесток пијалок, лично од него поради неговите синови Митре и Томе како зетови се на гости за Василица. Митре кај Марковци во Мало Рувци, а Томе кај Ставревци во с. Добрушево. Еснафот нивни го прашуват Ванѓела каде ти се синовите. Ванѓел Бабјак шегаџија, гајдаџија, ораџија, песнаџија во сите погледи вели синовите мои Митре и Томе на гости кај бакни рака од зето до дедото им се отвори смеја на еснафите.

Арно е тие имат дедовци, има на кого да му бакнат рака, тоа е едно големо почитување према постарите луѓе. јас тоа го немав со својот дедо, татко е на мојата жена Мара, Јованоски Анѓеле Курела голем гајдаџија на ден Велигден во 1917 година на Добро Поле француските артелерци го убија. Се створи чад над нашите села.

Продолжува    

Loading